top of page
TINA 2.jpg
glavzdrav 2018.jpg

Сопственик на "Glavzdrav"

за Македонија  

Христина Вукадиновиќ

1. На вашиот флаер стои примамлива реченица, која гласи: "Магично стапче за продолжување на младоста".  Дали тоа навистина е така?

Без било каква двосмисленост да! Ние, секако, стоиме зад своите зборови, кои ги претставуваат квалитетот на нашите производи. Ефектот  најдобро се гледа преку мрежата на клиенти и на потрошувачи кои редовно манифестираат задоволство преку бројни позитивни критики и повратни информации. Секој ден тие ни даваат на знаење дека тие беа сведоци на посакуваните резултати.

 

2. Нашата понуда се состои од Dermaroller и серуми со висок квалитет за уреди на лицето и масажа.
 
Така е. Нашиот Dermaroller е генерација пред обичните медицински ролери,  бидејќи тие се усовршени со позлатени игли од титаниум што не се тупат. Во блиска иднина се планира да се прошири понудата и веќе се работи на тоа. Покрај овие производи понудата ќе биде збогатена со новини во форма на креми со посебна намена. Досега нашиот Dermaroller и серум се фаворити што преовладува на пазарот, особено во региони на Русија.

 

3. Што е принципот на делување на Dermaroller?  Овде гледаме ваљак со иглички.  дали овие игли се опасни?  Првата асоцијација, кога ќе го погледаме ролерот делува "болно"?
 
Реалноста е многу поразлична од визуелизацијата. Dermaroller третманот не боли, и се базира на принципот на мезотерапија и се постигнува таков ефект. Се работи за ролери со микроигли кои ги стимулираат производството на колаген и видливо се подобрува тонот и изгледот на кожата.  Dermaroller третманот,  стимулира регенерација на кожата и производство на ново ткиво. Видливи резултати следат заради новонастанатиот колаген и подобрениот крвоток. Одлично го надополнува високо квалитетниот anti-age третман, и значително ја подобрува апсорпцијата и ефективноста на активните супстанци од anti-age козметиката. Тоа ги стимулира клетките на кожата за побрзо регенерирање на епидермисот и го стимулира создавањето на новиот колаген. Дебелината и силата на горниот слој на кожата се зголемува, кожата е поотпорна на надворешни влијанија, и така добива пополн и подмладен здрав сјај.

 

 

4. Убавината е релативна и е во окото на посматрачот. Од човек до човек е различна. Од ваша перспектива - со оглед дека сте секојдневно во контакт со мноштво незадоволни личности (кога е физичкиот изглед во прашање), каков е нивниот личен впечаток за  убавината?  Дали со првите брчки доаѓаат и првите грижи кај луѓето заради физичкиот изглед?
 
Убавината е дел од идентитетот.  Лична е оценката колку е важна и колку да се инвестира во истата.  Целосно зависи од можностите на клиентот. Секоја врста на кожа е "гладна" на свој начин, па и потребите на кожата се различни. Доаѓањето на првите брчки предизвикува фрустрација за многу жени, бидејќи телото укажува на одредени промени, чиј исход се одразува токму преку овие надворешни показатели. Стареењето не е процес кој може да се одмине, но сепак е можно да се успори и паралелно со тоа да се избришат  неговите трагов.  Постоечките аномалии или оние што допрва би дошле, значително влијаат врз самодовербата, затоа што тие се препрека во однос на личната сатисфакција, можеме да кажеме дека спречувањето на стареењето,  придонесува за подолго лично задоволство на секој човек.

 

 

5. Квалитетот е врвен, цената е прифатлива и примамлива.  Мислите ли дека цената на нашиот производ ја прави конкуренцијата љубоморна и завидлива на некој начин?

Ние не играме на картата на покачување на цените, туку само на квалитетот. Цената е поволна и прифатлива. Производите се достапни за секого. Нашата желба е на купувачот да му дадеме можност да проба нешто ново, а тоа го правиме токму на овој начин, преку воспоставување на рамнотежа помеѓу цените и производи. Секогаш постојат луѓе кои (поради претходни лоши искуства) имаат недостаток на доверба кон производите. Но оној што еднаш ги пробал нашите производи секогаш се враќа назад и од таа страна  "илузорниот ризик"  засекогаш е елиминиран.
Мислам дека немаме конкуренција. Kопии на нашиот Dermaroller се продаваат преку E-bay ама тие не се во можност да се споредат со нашиот квалитет и ефикасност. Тоа се производи кои се штетни за кожата и не се одобрени и прифатени од страна на докторите.  Акцентот на овој неуспех не е само на одобрувањето од страна на докторите, туку и од материјалот од кој цилиндарот е направен и на иглите кои најчесто паѓаат за време на третманот,  или се  заглавуваат  во лицето.  Сведоци на такви случки се само клиенти кои имале лоши искуства со таквата интернет набавка.  Кога станува збор за купување на Dermaroller,  луѓето помалку се наивни. Тие си мислат дека она што ке го видат на сликата  исто е и во реалноста. Како голема причина за тоа е  многу ниската цена на копиите.  За жал,  реалноста е сосема подруга.

 

 

 6. Она што е особено ги развесели имателите на многуте козметички салони,  е фактот дека тие можат да ги  купуваат нашите препарати на големо?
 
Нашата понуда освен на мало, исто така ја нудиме и како можност за купување на големо. Вистина се сведочењата на  многуте клиенти, кои се задоволни и редовно  ни се враќаат по нови залихи од нашиот препарат.

bottom of page